Сопственикот на фудбалскиот состав Челзи, Роман Абрамович, потенцираше дека морал да се раздели со тренерот, Френк Лампард, иако со тѕешко срце донел таква одлука.
„Јас многу го почитувам Ламард. Тој е икона на клубот. Во сегашнава ситуација се наметнува потребата од нов тренер“ – вели првиот човек на „сините“.
„Тој е човек со голем интегритет и има висока работна етика. Лампард секогаш ќе биде добредојден на „Стемфорд Бриџ“ – потенцираше Абрамович без да потврди дали Томас Тухел ќе биде новиот кормилар на лондончани.

