Тренерот на Милан, Стефано Пиоли откри дека новото засилување на неговата екипа, Марио Манџукиќ е под збнак прашање за настап на вечерашниот меч со Интер во 1/4 финалето од Купот на Италија.
Поранешниот напаѓач на Јувентус дебитираше во саботата за екипата на Милан во поразот од Аталанта со 0:3.
„Во моментов нè интересира само натпреварот со Интер за Купот на Италија, ова е важен натпревар. Серија А е сосема друга приказна, следното дерби е за еден месец, а пред тоа има и други важни натпревари. Играме со опасен противник и мора да победиме по поразот од Аталанта во Серија А. Се стремиме да го освоиме трофејот во Купот на Италија“, прокоментира Пиоли.
„Немавме среќа со ждрепката, ќе биде тешко, но мора да играме. Бенасер се чувствува добро, но не може да игра до мечот со Болоња на 30 јануари. Чалханоглу сè уште не е подготвен. Манџукиќ и Тонали исто така имаат проблеми, но се надеваме дека ќе бидат подготвени за натпреварот“, додаде Пиоли за клупската телевизија на Милан.

