Некогашниот селектор на нашите најдобри фудбалери, Чедомир Јаневски, набрзо треба да седне на кормилото на Олимпијакос Никозија, најавуваат медиумите на Кипар.
Тоа значи дека 59-годишниот стратег ќе се врати во тамошниот шампионат бидејќи има работено во екипите на Енозис Неон Паралимни и на Етникос Ахна.
Јаневски досега беше тренер на Вардар, египетскиот Исмаили, Ваасланд-Беверен, Мускрон, Гент, Монс и Клуб Бриж од Белгија а имаше ангажман и во грчкиот Олимпијакос, Ал-Шааб од ОАЕ и Црвена Ѕвезда од Белград.
