Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, нема сериозни проблеми со коленото и ќе биде достапен за утрешниот натпревар со Шефилд Јунајтед во рамките на Премиер-лигата.
Голгетерот на „црвените ѓаволи“ принудно го напушти теренот на пет минути пред крајот на дербито со Ливерпул очигледно поради болка во ногата. Вчера му беше извршен преглед на скенер кој покажа дека нема сериозна повреда. Денеска англискиот репрезентативец тренираше заедно со соиграчите.
„Маркус е на располагање. Малку го изврте коленото на последниот натпревар но, ќе биде добро” – рече тренерот Оле Гунар Солскјаер на прес-конференцијата.

