Томас Тухел од вчера и официјално е новиот тренер на Челзи. За Германецот ова е прв предизвик во Премиер лигата, откако во минатото ги водеше ПСЖ, Борусија Дортмунд и Мајнц.
Тухел беше сменет од ПСЖ пред неколку недели, а сега доаѓа на местото на Френк Лампард, кој не ги оправда очекувањата, откако во 2019 година седна на клупата на „сините“.
Дебито на Германецот на клупата на Челзи ќе биде уште вечерва на мечот со Вулверхемптон.

