Матео Мусакио пристигна во Рим каде денеска ќе ги мине медицинските тестови во Лацио и официјално ќе стави потпис на договорот со римскиот клуб.
30-годишниот фудбалер постигна договор со „бјанкочелестите“ и ќе се пресели во нивните редови на позајмица од Милан со опција за купување.
Мусакио слета во Рим синоќа, а денеска ќе ги мине медицинските прегледи во неговиот нов клуб.
„Многу сум среќен што сум тука“, изјави тој пред новинарите по пристигнувањето во Рим.

