Франција, Србија, Украина, Фарските Острови и Ерменија ќе бидат противници на младата фудбалска репрезентација на Македонија во циклусот квалификации за пласман на европското првенство во 2023 година. На денешната ждрепка во Нион добивме исклучително тешка група, со добро познати ривали со кои веќе имаме играно во квалификациските циклуси за ЕП 2017, 2019 и 2021 година.
ЕП по две години ќе се одржи во Грузија и Романија, кои се квалификуваа директно на ова натпреварување.


