Хрватските ракометари, Јосип Шарац (22 год, 201 см) и Анте Кудуз (25 год, 202 см) од наредната сезона ќе бидат дел од екипата на Вардар.
Со нивниот ангажман, „црвено-црните“ драстично ќе ја засилат левата бековска позиција. Шарац е член на словенечкиот тим Целје а за селекцијата на „коцкестите“ има одиграно 11 средби и постигнато пет погодоци.

Корпулентниот Кудуз сега ги брани боите на Динамо Букурешт од Романија.


