Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез ќе потпише нов договор со клубот до летото во 2024 година, објави новинарот Николо Скира.
Бидејќи сите услови се договорени меѓу агентот на фудбалерот и управата, останува само да се прафира договорот од двете страни. Според наведеното, платата на Мартинез ќе биде 5 милиони евра плус бонуси.
23-годишниот голгетер игра во Интер од 2018 година а неговиот сегашен договор истекува на крајот на сезоната 2022/23. Аргентинецот во тековнава сезона одигра 27 средби во сите конкуренции и постигна 10 голови.

