Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Мурињо: „Хари Кејн доби повреди на двата зглоба“
    Фудбал

    Мурињо: „Хари Кејн доби повреди на двата зглоба“

    risteBy riste29/01/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо беше прилично разочаран по поразот од Ливерпул. Тој не беше задоволен од резултатот и играта на неговиот тим, а згора на сè, ѕвездата на тимот Хари Кејн се повреди и ќе отсуствува долго време од терените.

    „Тој беше повреден на двата зглоба. Прво по лошиот старт од Тиаго, а потоа уште еден тежок удар, не видов точно од кој. Но, ова се две повреди на двата зглоба, втората е полоша од првата. Тој ќе отсуствува барем неколку недели, не знам точно. Некои играчи не можат да бидат заменети, но кога ќе се случи такво нешто, ништо не можеме да сториме. Мора да се справиме со ситуацијата каква што е”, рече Мурињо.

    После тоа, тој ги сподели своите впечатоци од самиот натпревар.

    „Мислам дека започнавме добро, но непосредно пред да биде поништен голот на Сон, видовме каков ќе биде овој натпревар, посебно по одлична можност за Мане по сериозната грешка во одбраната. Бевме добро организирани во првото полувреме. Во второто полувреме требаше да направиме промени. Го изгубивме Хари, морав да ја сменам структурата на целиот тим. Се боревме против сопствените грешки. Некои од нив треба само да ги погледнеме и нема што повеќе да се коментира”, додаде Мурињо.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.