Двајца фудбалери на францускиот шампион ПСЖ се позитивни на КОВИД-19. Станува збор за играчот за врска Марко Верати и дефанзивецот Абду Диало кај кои е дијагностициран коронавирусот и мораа веднаш во карантин.
Според француските прописи, луѓето инфицирани со коронавирус се изолираат седум дена, по што се прават нови тестови.
