Сопственикот на лондонскиот фудбалски премиерлигаш Челзи, Роман Абрамовиќ досега потрошил повеќе од 126 милиони евра на отпремнина на менаџерите кои добиваат откази, објави „Дејли меил“.
Последната „жртва“ на рускиот тајкун беше Френк Лампард кој беше отпуштен порано во текот на неделата по пет порази во лигата на последните осум натпревари, што беше премногу за Абрамович.
За утеха, поранешниот англиски репрезентативец ќе добие 2,26 милиони евра отпремнина. Абрамович потроши најмногу на отказите на Жозе Мурињо и Антонио Конте, вкупно 65 милиони евра.

