Бразилските клубови Палмеирас и Сантош го одиграа последниот натпревар во Купот Либертадорес. Средбата беше одиграа синоќа на стадионот „Маракана“ во Рио де Женеиро и заврши со победа на Палмеирас од 1:0.
Во текот на целиот натпревар, екипите се обидуваа да постигнат гол, но сепак единствениот гол беше постигнат на самиот крај на средбата. Главниот судија на натпреварот Аргентинецот Патрисио Лоустау додаде осум минути дополнително да се игра на оваа средба, а голот беше постигнат на истекот на овие минути кога напаѓачот Брено Енрике, кој се појави на теренот во 85-та минута го постигна победничкиот гол.
Неколку минути пред голот, судијата го исклучи главниот тренер на Палмеирас, Абел Фереира, за неспортско однесување. За Палмеирас ова беше втора титула во Купот Либертадорес по онаа во 1999 година, а досега загубиле во три финалиња.

