Шпанските медиуми прогнозираат дека Зинедин Зидан на крајот на сезоната ќе добие отказ од челниците на Реал Мадрид.
„Кралевите“ кои играат крајно променливо и полека заостануваат во трката за титулата во Примера Дивизиона, најверојатно ќе останат без францускиот тренер. Според проценките неколку имиња се наметнуваат да се преселат на клупата на „Сантијаго Бернабе“ а во преден план излегува Масимилијано Алегри.
Италијанскиот стратег наводно ја одбил понудата на Рома бидејќи има желба да го води шпанскиот елитен состав.

