Тренерот на фудбалерите на Рома, Пауло Фонсека, по вчерашниот триумф против Верона со 3:1 во 20-то коло во Серија „А“, одби да зборува за неговиот конфликт со босанскиот напаѓач Един Џеко.
Корпулентниот голгетер на „римската волчица“ повторно не беше на списокот а медиумите на Апенините проценуваат дека тоа се должи на конфликтот со тренерот Фонсека.
„Тимот покажа дека не зависи од еден играч. Сите работиме напорно. Успеавме да погодиме трипати против една од најдобрите одбрани во шампионатот. Одигравме одлично во првиот дел“ – потенцираше Португалецот.
