Озан Кабак потпиша договор со Ливерпул, а документите се предадени во ФИФА и официјалната потврда за трансферот се очекува до крајот на вечерта. Денеска долго време траеше битката за затворање на трансферот на централниот бек на Шалке, кој пристигнува во Ливерпул откако претходно Шалке успеа да го договори доаѓањето на Шкодран Мустафи од Арсенал.
Да потсетиме, Ливерпул го добива турскиот стопер на позајмица за 3.000.000 евра плус можност за откуп, кој на крајот може да достигне 30.000.000 евра.

