Доцна синоќа, практично во последните минути на зимскиот преоден рок, Саутемптон успеа да донесе големо засилување за продолжението од сезоната. Ливерпул му дозволи на играчот за врска Такуми Минамино да замине на „Ст. Мери“ и до крајот на сезоната како отстапен да го засили тимот на „светците“.
Менаџерот на Саутемптон инсистираше на доведување на Минамино, кој ретко ја добиваше довербата од Јирген Клоп од почетокот на сезоната. Во исто време, Саутемптон го испрати Шеин Лонг на позајмица во Бурнмаут.

