Стана познато барањето на раководството на Реал Мадрид, за тренерот на тимот Зинедин Зидан да продолжи да работи на крајот на сезоната.
Според весникот „АС“, францускиот тренер ќе може да ја задржи својата позиција доколку Реал Мадрид бидат победници во тековната сезона од Лига на шампиони. Претходно, Реал Мадрид беше елиминиран од Купот на Шпанија и Суперкупот, а во шампионатот на Шпанија е на третото место, зад Барселона, со ист број на бодови, но послаба гол разлика и 10 бода помалку од лидерот Атлетико Мадрид. Покрај тоа, Атлетико има и натпревар помалку од Реал Мадрид.
Во 1/8 финалето од Лигата на шампионите, Реал Мадрид ќе игра со Аталанта. Првиот натпревар ќе се одигра во Бергамо, Италија на 24-ти февруари. Реваншот ќе се игра во Шпанија на 16 март.
