Напаѓачот на фудбалскито состав Манчестер Сити, Серхио Агуеро го победи корона-вирусот но, нема да се врати на теренот извесен период бидејќи ја нема потребната форма, изјави менаџерот на тимот, Пеп Гвардиола, пред утрешното гостување кај Барнли.
Агуеро кој е стрелец број еден во историјата на клубот не започнал како стартер од октомври бидејќи покрај со корона-вирусот, мораше да се справи и со операцијата на коленото и повредата на бутот. Тој најверојатно ќе го пропушти и викенд-дербито со Ливерпул.
„Кога некое лице ќе добие Ковид-19, треба да поминат неколку недели за да се чувствува подобро. Серхио сè уште не тренира со другите од тимот. Тој оди само во теретана“ – објасни Гвардиола.

