Интернационалецот од БИХ, Един Џеко, кој имаше голем конфликт со тренерот Фонсека и не беше на списокот за претходните два меча во Серија „А“, од денеска повторно тренира со екипата на Рома.
Корпулентниот голгетер речиси 10-на дена немаше никакви активности а медиумите веднаш излегоа со информација дека ќе биде продаден во текот на зимава. Откако тоа не се случи, Џеко реализирал средба со тренерот Фонсека и директорот на „волчицата“ , Тиаго Пинто се со цел да се надмине проблемот и тој да се врати во тимот.
Според „Кориере дело Спорт“, Џеко ќе биде пријавен за неделното дерби со Јувентуис, но, најверојатно ќе чека шанса да влезе од клупата за резерви.
