Статистиката во Примера Дивизион покажа дека фудбалерите на Реал Мадрид и на Бетис направиле најмногу пенали.
Судиите покажале седум пати на белата точка во шеснаесетникот на „кралевите“ додека во нивна користи биле досудени само два пенала. Голманите на Бетис исто така морале да бранат дури 7 удари на противничките фудбалери од 11 метри додека нивните соиграчи шутирале од белата точка во пет наврати.
На врвот на листата е лидерот на Примера, Атлетико Мадрид, со 6 пенали во негова корист и само 1 против. Фудбалерите на Барселона имале можност да ја изведат најстрогата казна пет пати додека против нив биле досудени само 3 пенали.


