Фудбалерот на Реал Мадрид, Еден Азар, поради повреда не се појавил на вчерашниот тренинг на „кралевите“ објави весникот –„Марка“.
Клубот не излезе со детални податоци за состојбата на интернационалецот од Белгија, но, се претпоставува дека нема ништо сериозно. Азар кој во континуитет се соочува со повреди, одигра само 13 средби во тековнава сезона.
Тој имаше проблеми со глуждот а потоа се здоби со повреда на мускулот. Во еден период мораше да оди и во изолација бидејќи беше заразен со Ковид-19.

