Во натпреварот од 22-то коло во англиската Премиер лига, Ливерпул беше домаќи на стадионот „Енфилд“ на тимот на Брајтон, а срфедбата заврши со победа на гостите со 1:0.
Како што беше објавено по натпреварот, Ливерпул не успеа да постигне гол на три домашни натпревари за прв пат од 1984 година. Ливерпул го загуби вториот натпревар по ред на домашен терен во Премиер лигата. Во мечот од 18-то коло, Ливерпул загуби од Барнли (0:1).
Фудбалерите на Јирген Клоп имаат освоено 40 поени на 22 натпревари и се на 4-тото место на табелата во англиската Премиер лига.

