Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито призна дека разговара со тренерот Симоне Инзаги за продолжување на договорот.
Тековниот договор на тренерот истекува по завршувањето на оваа сезона. Сепак, Клаудио Лотито е многу задоволен од неговата работа на „Олимпико“ и ќе стори се што е можно за да го задржи.
„Направивме предлог до Инзаги. Постои прекрасно разбирање меѓу нас на човечко и професионално ниво. Не гледам проблем во продолжување на нашето заедничко патување за да изградиме уште посилен Лацио. Ние немавме специфичен состанок и не ги користиме гулабите за курири. Зборувам со него секој ден, нема тајни меѓу нас и нема проблеми. Единствениот проблем е што тој нема време затоа што е зафатен со толку многу работи”, рече Лотито.

