Откако Германија ги затвори границите за сите што доаѓаат од Велика Британија поради појавата на мутираниот вид на Ковид-19, челниците на фудбалскиот состав Лајпциг ќе мораат да најдат алтернатива за одигрување на мечот со Ливерпул во ЛШ.
„Црвените“ треба да гостуваат на 16 февруари но, новата ситуација наметна проблем кој треба да биде решен до понеделник. Во спротивно, германиците ќе го загубат мечот со службен резултат. Постои идеја да се променат термините, Ливерпул да биде домаќин на 16. февруари а реваншот да се игра во Лајпциг на 10. март.
Опција е мечот да се игра во Салцбург, но, истоимениот тим има дуел на 18. февруари во Лига Европа. Во игра се и Унгарија и Русија.

