Проблемите со кои се соочува Барселона оваа година тешко да се намалат, напротив продолжуваат да ги мачат и управата и спортскиот и техничкиот персонал на клубот.
Денес, имаше информација дека младата надеж Ансу Фати претрпе втора операција на Ахиловата тетива и ќе го пропушти остатокот од сезоната. Вчера весникот „АС“ напиша дека Серхи Роберто најверојатно ќе отсуствува еден месец, а денес „Марка“ додаде дека овој пат веројатно ќе биде двојно повеќе надвор од теренот односно може да пропушти цели два месеци.
Овој играч беше надвор од теренот од ноември и се врати минатата недела против Атлетик Билбао, но во средата против Гранада во Купот на кралот оваа недела заработи уште една повреда. Се очекува тој да се врати кон крајот на март или почетокот на април.
