Фудбалерите на Баерн Минхен синоќа по победата над Херта од 1:0, заглавија на аеродромот во Берлин поради лошото време. По натпреварот играчите на Баерн веднаш требаше да летаат за Доха, каде треба да настапат на Светското клупско првенство, но нивниот план се изјалови.
Играчите на Баерн чекале седум часа на аеродромот во Берлин пред да полетаат, но место за Доха, дошле во Минхен, од каде ќе ги чека нов лет за Катар.

