Спортскиот директор на Ајакс, Марк Овермарс ќе го напушти клубот на крајот на сезоната и најверојатно ќе замине во Барселона. Според „Мундо Депортиво“ 47-годишниот Овермарс по 8 години поминати на оваа функција во холандскиот гигант добил понуда да ја преземе истата функција во каталонскиот гигант.
За Овермарс е заинтересиран и лондонски Арсенал, за кој играчот играше од 1997 до 2000 година.

