Кристијано Роналдо ризикува да го пропушти финалето на Купот на Италија, доколку Јувентус се квалификува vo него. Напаѓачот е еден од десетте играчи на „бјанконерите“ кои висат со жолти картони и ако добијат еден во реваншот со Интер ќе бидат надвор за битка за трофејот.
Јувентус е блиску до финалето, бидејќи со два гола на Португалецот го победи Интер со 2:1 како гостин во првото полуфинале пред една недела. Реваншот во Торино е утре.

