Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи му ветил на својот колега од Реал Мадрид, Флорентино Перез дека клубот нема да контактира со дефанзивецот Серхио Рамос се додека конечно не бидат прекинати преговорите за продолжување на договорот меѓу Реал и играчот.
Ова е објавено од страна на „Мундо Депортиво“, повикувајќи се на пишувањата во францускиот весник „Л’Екип“. Рамос игра во Реал Мадрид од 2005 година. Беше објавено дека фудбалерот ја одбил понудата на мадридскиот клуб за нов договор. ПСЖ е главниот кандидат за потпис со фудбалерот. Оваа сезона, Рамос учествуваше на 14 натпревари од шпанскиот шампионат и постигна 2 гола.
Пред неколку дена, 34-годишниот Шпанец беше опериран. Тој имаше повреда на внатрешниот менискус на левото колено. Во наредните недели, Серхио Рамос ќе го започне процесот на опоравување.

