Фудбалерот, Еден Азар, кој се прослави во дресот на Челзи пред да направи трансфер во Реал Мадрид, вели дека на времеот имал симпатии кон тимот на Арсенал.
„Кога бев мал, најмногу ја гледав репрезентацијата на Франција. Ги обожавав Зинедин Зидан и Тиери Анри. Тешко ми е да го признаам тоа поради мојата приврзаност кон Челзи, но, во тоа време имав симпатии кон Арсенал“ – потенцираше Азар кој сака да остане што е можно подолго на теренот.
„Неодамна наполнив 30 години и ако моето тело дозволува, сакам да се натпреварувам барем уште 5-6 години. Кога ќе бидам повреден, ќе останам дома и ќе бидам со семејството“ – вели Азар.

