Челниците на фудбалскиот состав, Реал Мадрид, размислуваат да го продадат Рафаел Варан во текот на летото доколку не се согласи да го продолжи договорот кој му истекува во 2022 година.
Францускиот интернационалец кој од 2015-та е стандарден во дефанзивната линија на „кралевите“, се наоѓа на листата за засилување на неколку европски гиганти. Денеска весникот – „Марка“, пишува дека во моментов четири клубови се заинтересирани за потписот на младиот стоперот кој во континуитет пружа одлични партии.
Според наведеното, во преден план се наметнуваат ПСЖ и Манчестер Јунајтед а во трката најверојатно ќе се вклучат и Челзи и Јувентус.

