Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос им се обрати на своите фанови на Твитер со видео обраќање со образложение дека немал друг избор освен да се оперира.
34-годишниот централен дефанзивец страдаше од проблем со менискус на коленото од средината на јануари и беше опериран пред неколку дена и ќе биде надвор од терените најмалку уште 6 недели.
https://twitter.com/SergioRamos/status/1358872606670225408?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1358872606670225408%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D886837
„Здраво, на сите! Сè оди според планот. Подготвен сум да работам и да се вратам на теренот што е можно поскоро. Ви благодарам за сите пораки и поддршка”, им рече фудбалерот на своите следбеници на социјалните мрежи, додавајќи дека го прифатил советот на лекарите, според кој најдобро решение било да се оперира.

