Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Вардар ја добива ветената помош, фудбалери ќе почнат со тренинзи
    Фудбал

    Вардар ја добива ветената помош, фудбалери ќе почнат со тренинзи

    risteBy riste09/02/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Остануваат уште само неколку дена до почетокот на пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ, а фудбалерите на Вардар во недела имаат прв натпревар и тоа против Пелистер на домашен терен.

    Благодарение на одличната акција „Куки билет за спас на Вардар“ организирана од навивачите на Вардар – Комити, фудбалерите ќе имаат можност да ја почуствуваат поддршката од навивачите пред продолжението од сезоната. Оваа акција кој сеуште трае, треба да биде само импулс за решавањето на проблемите во нашиот најтрофеен фудбалски колектив.

    Од она што го имамме како информација, по реализацијата на самата акција и извонредниот однос кој го имаат навивачите и фудбалерите, од утре самите играчи ќе започнат со тренинзи и подготовка за првиот натпревар со Пелистер. Вардар веќе го ангажираше поранешниот селектор на Македонија, Никола Илиевски-Џиџи кој со сите играчи кои останаа во клубот ќе треба да се избори за опстанок во ПМФЛ. Неофицијално досега благодарение на акцијата на навивачката група Комити продадени се над 15.000 влезници за средба со Пелистер, а се очекува таа бројка да биде и над 20.000 влезници.

    Денес стигна и уште една добра вест за средувањето на состојбите во Вардар, а тоа е дека Владата на својата седница донела одлука за бришење на каматите кои Вардар ги должи кон ПУИГ во висина од 60.000 евра, но исто така е договорена итна уплата од околу 100.000 евра кои треба да му помогнат на Вардар за консолидација.

    „Со ова и вклучувајќи ги средствата од акцијата на навивачката група Комити и средствата од следниот ваучер, ФК Вардар ќе има на располагање околу 350.000 евра потребни за завршување на сезоната.  Со тоа ќе бидат исполнети услови и „купено време“ за целосно решеавање на проблемите на ФК Вардар“ ни изјави Драган Томовски кој ги повикува сите кои не купиле билет во акцијата „Спас за Вардар“ тоа да го направат до неделниот натпревар.

    Сега останува фудбалерите на Вардар да дадат се од себе за да се подготват за средбите кои следуваат и со своите настапи и игри му овозможат на својот клуб да остане во прволигашкото друштво.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.