Манчестер Јунајтед во текот на летото ќе се обиде да го ангажира фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо.
20-годишното момче и во 2020 година се поврзуваше со трансфер на „Олд Трафорд“, но, „црвените ѓаволи“ не сакаа да ја платат сумата од 108 милиони фунти. Сега се наведува дека „милионерите“ планираат да ја намалат сумата на 88 милиони.
Според -СПОРТ1, Дортмунд очекува репрезентативецот на Англија да замине од клубот и дека Челзи или Манчестер Јунајтед ќе ја платат трансферната сума.

