Екипата на ПСЖ вчера го елиминираше Каен во Купот на Франција, но, остана без големата ѕвезда, Нејмар.
Бразилецот мораше да го напушти теренот во почетокот на вториот дел откако се пожалил на болки во слабините.
Денеска ќе му бидат направени лекарски прегледи по што ќе се знае дали одличниот голгетер ќе мора да го пропушти мечот со Барселона во Лигата на шампионите или ќе може да излезе на мегдан со шпанскиот состав.

