Една од најголемите sвезди на ПСЖ – Нејмар, сигурно ќе го пропушти првиот 1/8 финален дуел во Лигата на шампионите против Барселона.
Ова го објави францускиот весник „Л‘Екип“, кој додаде дека попладнево Бразилецот со многу лошо расположение ја напушти болницата во Париз. Според изданието, испитувањатата покажале дека Нејмар има повреда на зглобот од втор степен, што официјално го вади од мечот следната недела.
Според „Л‘Екип“ не е сигурно дека поранешниот играч на Барселона ќе биде подготвен за реваншот. Напаѓачот се повреди на вчерашниот натпревар со Каен од Купот на Франција. Тој го напушти теренот во 64-та минута откако лежеше на тревата извесно време со видлива болка и се држеше за левата нога.

