Фудбалерот од средниот ред на Борусија (Менхенгладбах), Флоријан Нојхаус е уште еден играч чие име се поврзува во медиумите со трансфер во Ливерпул, пренесува Кикер.
Според изворот, се шпекулира дека 23-годишниот Германец е замена за Ваjналдум, кој најверојатно ќе го напушти „Енфилд“ на лето. Друг сериозен кандидат за Нојхаус е Баерн Минхен.
Оваа сезона, Нojхаус запиша 28 натпревари за Борусија, на кои постигна 6 гола и направи 4 асистенции.

