Од екипата на Баерн Минхен денес информираа дека потпишале договор со Дајо Упамекано до 2026 година, се наведува на официјалната веб-страница на клубот од Минхен. Фудбалерот ќе започне да игра за германскиот шампион од 1 јули 2021 година.
„Воодушевени сме што можевме да го купиме Дајо Упамекано во Баерн. Дајо Упамекано ќе стане многу важен играч во нашата одбрана во следните години, ние сме уверени во ова“, изјави спортскиот директор на клубот Хасан Салихамиџиќ.
Беше објавено дека во преговорите учествувал и главниот тренер на Баерн Минхен, Ханс-Дитер Флик, кој го убедил играчот да го избере германскиот клуб. Да потсетиме, Упамекано можеше да избра помеѓу Баерн, Челзи и Ливерпул.
Беше објавено дека Баерн ќе му исплати на Лајпциг 42 милиони евра. Покрај именуваните клубови, ПСЖ и Арсенал исто така сакаа да го купатиграчот.

