Играчот од средниот ред на Јувентус, Хуан Куадрадо, може да го пропушти првиот натпревар од 1/8 финалето во Лигата на шампионите со Порто, објави „Фудбал Италија“.
Според изворот, 32-годишниот колумбиски фудбалер претрпел оштетување на мускулот на натпреварот од 22-то коло на италијанската Серија А против Наполи (0:1) и бил заменет од таа причина. Денес, Куадрадо ќе биде подложен на лекарски преглед, по што ќе биде донесена одлука за настап на натпреварот од Лигата на шампионите.
Оваа сезона Куадрадо имаше 5 асистенции на 17 натпревари од италијанскиот шампионат. Јувентус досега има освоено 42 поени на 21 натпревар и е 4-то место во Серија А.
Првиот натпревар од 1/8-финалето на УЕФА Лигата на шампионите Порто – Јувентус ќе се одигра на 17 февруари на стадионот „Драгао“ во Порто, а реваншот е на 9 март во Торино.

