Играчот за врска на ПСЖ, Марко Верати се опорави од повредата на бутот и е подготвен да настапи на мечот со Барселона во Лигата на шампионите.
Напаѓачот Нејмар и играчот за врска Анхел Ди Марија не беа вклучени во составот, како што се очекуваше. На Бразилецот му беше дијагностицирана повреда на мускулот, а на Аргентинецот повреда на бицепс феморис.

Првиот натпревар од 1/8 финалето во Лигата на шампионите на УЕФА Барселона – ПСЖ ќе се одигра утре, 16 февруари на стадионот „Камп Ноу“ во Барселона. Средбата започнува во 21 часот, а реваншот ќе се одржи на 10 март во Париз.

