Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Барселона и ПСЖ со нова пресметка во Лигата на шампионите
    Фудбал

    Барселона и ПСЖ со нова пресметка во Лигата на шампионите

    risteBy riste16/02/2021No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Вечерва во 21:00 часот Барселона и ПСЖ ќе се соочат на „Камп Ноу“ во првиот натпревар од 1/8 финалето во Лигата на шампионите. Овие две екипи изминатите години одиграа многу натпревари едни против други во ова натпреварување, но судбината реши повторно да се соочат меѓусебе.

    Тие имаат многу сметки за расчистување и ова ќе биде една од најинтересните пресметки во оваа фаза на Лигата на шампионите.

    Најнезаборавниот дуел помеѓу Барселона и ПСЖ беше во 1/8 финалето во 2017 година. Тогаш Французите го добија првиот натпревар со 4:0, но на реваншот Каталонците направија незаборавен подвиг победувајќи со 6:1. Интересное е што тогаш еден од хероите за шпанскиот тим беше Нејмар, кој постигна два. Сега, сепак, Бразилецот ќе биде на другата страна во составот на ПСЖ, но нема да настапи на вечерашниот натпревар поради повреда.

    Овие ривали се сретнаа и во сезоната 2014/15, кога одиграа четири натпревари едни против други. Тие беа во групата „Ф“, во која разменија по една победа. Парижаните ја добија првата пресметка во Париз со 3:2, а потоа Шпанците победија со 3:1 на „Камп Ноу“. Потоа, следуваше повторно дуели во четвртфиналето, каде Барса ги доби двата меча со 3:1 во Париз и 2:0 на домашен терен.

    Во сезоната 2012/13, Барса и ПСЖ исто така играа едни против други во четвртфиналето. Тогаш првиот натпревар во Франција заврши 2:2, а вториот натпревар во Шпанија исто така немаше победник  (1:1), па Барса помина поманатуми поради гол повеќе постигнат на гостински терен.

    Од сето ова е јасно дека Барселона секогаш оди понатаму кога ќе се сретне со ПСЖ во елиминациите. Се чини дека ова и дава предност на Барселона, но во моментов ситуацијата е доста поразлична од претходните години, па не можеме да донесеме заклучок. Каталонците се во период на обновување на составот и ќе има уште многу работа се додека не го достигнат посакуваното ниво. ПСЖ претрпе и некои измени, од кои најважна беше замената на тренерот Томас Тухел со Маурисио Покетино. Ова ќе биде прв натпревар за аргентинскиот тренер кој ќе ги предводи парижаните во Лигата на шампионите. Тој сигурно има големи амбиции и ќе сака да се докаже против Каталонците.

    Во домашниот тим има многу отсутни играчи поради повреди. Филипе Кутињо, Ансу Фати и Серхи Роберто се надвор од комбинација и сè уште не се опоравиле од повредите. Жерард Пике продолжи со тренинзите, но тешко дека ќе биде подготвен за игра. На овие мора да ги додадеме неодамна повредените Роналд Араухо и Мартин Брајтрајт. Ова во голема мера ги ограничува опциите за тренерот Роналд Куман.

    Во исто време, проблемите во ПСЖ не се мали. Ѕвездата на тимот Нејмар, кој има повреда на бутот го пропушта вечерашниот натпревар. Освен на него, тренерот Маурисио Покетино не може да смета на Анхел Ди Марија, Хуан Бернат и Тимоти Пембеле. Рафиња и Колин Дагба ќе бидат неизвесни до крај.

    Веројатни состави:
    Барселона: Тер Штеген, Дест, Мингеса, Ленгле, Алба, Де Јонг, Бускетс, Педри, Меси, Гризман, Дембеле
    ПСЖ: Навас, Флоренци, Маркињос, Кимпембе, Курзава, Гај, Верати, Паредес, Кин, Икарди, Мбапе

    Стадион: „Камп Ноу“- Барселона
    Судија: Бјорн Кујперс (Холандија)

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.