Килијан Мбапе беше sвездата на вечерта во пресметката помеѓу Барселона и ПСЖ. Неговата екипа во 1/8 финалето од Лигата на шампионите славеше убедливо, а тој постигна три гола. По натпреварот, Мбапе рече дека му е драго што неговиот тим победи со стил на „Камп Ноу“.
„Ние сме многу среќни, тоа беше важна победа за нас. Сакавме да дојдеме тука и да победиме и го сторивме тоа со стил. Вечерва беше неверојатно, но сè уште не освоивме ништо”, рече Мбапе.
„Јас секогаш сакам да го дадам најдоброто од себе за ПСЖ. Овој дрес многу ми значи. Не се победува секогаш и понекогаш имам слаби натпревари, но никогаш не се кријам кога правам грешки. Сега е важно да продолжам вака. Тренерот заврши одлична работа откако дојде во клубот, но тој продолжи со она што го започна Тухел, кој исто така заврши неверојатна работа и не однесе до финалето. Стануваме се повеќе и повеќе физички стабилни. Многу силни. Сепак, ние мора да продолжи да се подобруваме за да има повеќе вакви натпревари“, рече напаѓачот на ПСЖ.

