Францускиот дефанзивец од екипата на Баерн Минхен, Бенжамин Павар, е нов случај на заразен фудбалер кај Баварците со коронавирусот.
Павар беше позитивен на коронавирусот на последното тестирање, па ќе мора да го пропушти натпреварот од 1/8-финалето во Лигата на шампионите против Лацио.
Покрај Павар, позитивен на Ковид-19 е и Томас Милер.

