Играчот за врска на Севилја, Сусо, кој го постигна првиот гол на синоќешниот меч со Борусија (Д) во Лигата на шампионите, смета дека и порак поразот, шпанскиот тим со оној втор гол успеа да сочува шанси и на реваншот во Германија да се бори за пласман во четврфиналето.
„Противникот ги искористи двете или три пресекувања кои им го дозволивме да ги направат на средината на теренот. Тука направивме грешки. Голот постигнат во второто полувреме ни остава надеж. Всушност, не чека финале во Германија, во кое треба да поправиме многу работи“, изјавил Сусо по мечот.

