Јувентус синоќа беше поразен во Португалија од Порто во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите, а тренерот Андреа Пирло смета дека оние два брзи гола на Порто во двете полувремиња ја нарушиле самодовербата во тимот.
„Кога ќе промашите топка една минута по почетокот на играта, тоа е прилично чудно. Тука играчите природно ја губат самодовербата, особено против тим кој знае да игра дефанзивно. Порто веднаш ја донесе играта до сценариото што го посакуваа. Со таков пристап не можете секогаш да одржувате апсолутна концентрација и вистинско темпо, но тоа не требаше да се случи во осминафиналето во Лигата на шампионите. Генерално, добро се подготвивме за оваа средба, но сепак тоа не беше она што го посакувавме. Голот што го примивме во првата минута, кога им подаривме таков подарок на тацна, комплицираше сè“, вели Пирло.

