Барселона веќе доби 5 милиони евра од Атлетико Мадрид од зделката за Луис Суарез и очекува нови 6 милиони, информира весникот „Спорт“.
Минатото лето, напаѓачот ги напушти Каталонците и замина во Атлетико Мадрид без обештетување, но не како слободен агент. Во тоа време, двата клуба се согласија Атлетико Мадрид да не плаќаат ништо веднаш, туку да должат вкупно 11 милиони евра доколку бидат исполнети одредени услови.
Некои од нив, како што се бројот на одиграни натпревари, постигнати голови и квалификациите во фазата на елиминации во Лигата на шампионите, веќе се исполнети, поради што Барселона доби приход од 5 милиони. Следните услови се тимот на Диего Симеоне да стигне барем до четвртфиналето во Лигата на шампионите. Во оваа фаза нема индиции дека Суарез би си заминал, бидејќи ужива во одличната форма, а неговиот тим е фаворит за титулата во Шпанија.

