Драган Стојковиќ – Пикси ќе биде новиот селектор на Србија, потврдил лично тој во изјава за белградската телевизија, Б92.
Тој во куса изјава за Б92 вели: „Да, јас ќе бидам селектор на Србија“.
Пикси доби документи од Кина со кои се потврдува дека договорот со Гвангжу ќе биде раскинат. Тој ќе биде селектор на Србија во следните два циклуса, во борбата за пласман на Светското првенство во Катар и за следното ЕУРО.
Проблемот со неговото именување за селектор на Србија беше во тоа што поранешниот ас на Црвена звезда имаше активен договор со Гвангжу, кој доби голема компензација за раскинување на договорот. Некои пишуваат дека сумата е близу четири милиони евра.

