Можеби се очекуваше неизвесно и возбудливо финале, но Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека тој е главниот во Мелбурн и трета година по ред успеа да го освои трофејот на Австралија Опен.
Првиот рекет на светот покажа моќ, доминација и квалитет и едноставно не му дозволи на Данил Медведев да се надева на било каков позитивен резултат, едноставно го збриша со 3:0 во сетови. Ѓоковиќ го доби првиот сет со 7:5, додека веќе во вториот сет покажа дека нема да дозволи никакво изненадување и поведе со 2:0 благодарение на подобрата игра со 6:2. Во истиот стил продолжи и во треттиот сет кој го доби со идентични 6:2, а мечот за трофејот на Австралија Опен траеше само 1 час и 54 минути.
Ова беше деветти триумф на Новак Ѓоковиќ на терените во Мелбурн со што буквално стана неприкосновен владетел на овој турнир. Се започна во 2008 година кога за прв пат побед, а потоа направи серија од 2011-2013, па ппобеди уште и во 2015 и 2016, за последните три години повторно е неприкосновен на овој турнир.

