Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека неколку играчи ќе го напуштат тимот ова лето.
„Мислам дека сите наши играчи заслужуваат да останат тука многу години. Тие имаат исклучителни квалитети, без сомнение во тоа. Но, ситуацијата се менува од година во година, бидејќи има играчи кои се прилагодуваат на новите улоги, а има и такви кои не можат. Не станува збор за квалитет, туку за тоа дали можете да се вклопите во системот кој го играме на теренот и дали може играчот да ја добие посакуваната минутажа. Во таков момент, на играчот е подобро да си замине“, рече Гвардиола.
Фудбалерите на Пеп Гвардиола имаат освоено 56 поени на 24 натпревари и и се лидери во англиската Премиер лига, ставајќи ги зад себе ривалите (Манчестер Јунајтед и Лестер Сити) со 10 поени разлика.

